Подписка на рассылку

СПИРУЛИНА-НАЈМОЌНАТА ХРАНА НА 21 ВЕК

   ЛЕКТОР:ГОРДАНА ЈОНЧЕСКА 

 

СПИРУЛИНА-НАЈМОЌНАТА ХРАНА НА 21 ВЕК

 

 

Спирулината е едноклеточна сино-зелена алга со научно име Arthrospira platensis. Името „спирулина“ е изведено од латинскиот збор „хеликс’ или „спирала“ означувајќи ја нејзината физичка конфигурација која гледана под микроскоп е долга, тенка спирала. Мирисот и вкусот на спирулината се слични на морската трева. 

 

Таа е една од најстарите фототиснтетски форми на живот кои создавајќи кислород во атмосферата овозможиле создавање и еволуција на повисоки форми на живот во природата. Спирулината е бесмртен организам кој се обновува себеси на 3 милијдарди години и ја содржи мудроста и искуството на природата кодирана во сопстевената ДНК.

 

v  Историја

 

Спирулината била пронајдена од страна на француските истражувачи во 1960-тите години. Првиот голем производствен погон за спирулина е основан во почетокот на 1970-тите години , кој привлекол големо внимание во светот. 

 

Се смета дека спирулината била извор на храна на Ацтеките уште во 16-тиот век и исто така има долга историја и во Чад, уште од 9-тиот век за време на империјата Канем. 

 

v  Најблаготворни придобивки од спирулината

 

Надвор од своите нутритивни вредности, денес милиони луѓе низ светот ги откриваат нејзините здравствени придобивки. 

 

·         Спирулината е најбогат извор на хранливи состојки во концентрација поголема од било која храна, зеленчук, овошје, семе или билка. Таа има највисока застапеност на протеини од било која друга храна. Во својата структура ги содржи сите есенцијални амино киселини во идеален сооднос. Единствено спирулината и мајчиното млеко содржат доволна количина на линоленска киселина, важен учесник во регулирањето на хормонскиот статус на организамот. Оваа киселина исто така помага во развојот на доенчињата и ја подобрува работата на срцето.

·         Таа претставува неверојатно богатсво на антиоксидирачки комплекс од најмалку 10 каротениди. Оваа смеса од каротениди и ксантофили позитивно делува на различни места во организамот во синергизам со другите витамини, минерали и футонитритенти. Ваквата комбинација содржана во спирулината има поголем ефект отколку било кој друг препарат со Бета-каротен. 

·         Спирулината е најголем извор на витамин B-12 кој е неопходен за оформување на црвените крвни клетки. Исто така, изобилува со богатство од B1 (тиамин) кој учествува во функцијата на нервните клетки, витамин B2 (рибофлавин) кој учествува во енергетскиот метаболизам на јаглехидратите и протеините и 

B3 (ниацин) кој е потребен за правилна функција на нервниот систем и за синтеза на половите хормони.

·         Таа претставува најдобар природен извор на железо со 10 пати поголема застапеност од било која друга храна. Железото со кое е богата спирулината двојно повеќе се апсорбира за разлика од другите извори на железо.

·         Спирулината содржи двојно повеќе ензими кои се катализатори на хемиските процеси. Еден од нив е супероксид дисмутаза кој игра важна улога во ослободувањето на слободните радикали со што се забавува процесот на стареење. 

·         Таа е природен извор на протеини без маснотии и холестерол. Спирулината го спречува чувството на глад бидејќи ја надополнува потребата на организамот за хранливи материи. 

·         Претставува производ со голема моќ на прочистување бидејќи ги истуиснува токсините од ткивата на лимфата и ги нормализира органите за варење. Нејзиното секојднвено конзумирање помага во намалување и одржување на телесната тежина, а истовремено ја задржува виткоста и свежината на телото.

 

v  Состав

 

Природа во спирулината споила преку 4000 хранливи состојки од витално значење за човековиот организам:

 

·         Протеини и амино киселиниспирулината содржи високо квалитетни растителни протеини кои се биолошки комплетни бидејќи ги содржи и сите есенцијални и неесенцијални амино-киселини.

·         Витамини: таа содржи целосен спектар на витамини во совршено избалансиран размер. Во големи колични содржи витамин А (бета-каротен). Ги содржи сите витамини од групата B , особено B 12, како и  B1 ( тиамин), B2 (рибофлавин), B3 (ниацин), B5 (панотенска киселина), B6 (пиродоксин), B7 (биотин), B9 (фолна киселина), и големи количини од витамините C, K, D и E.

·         Минерали: додека расте, спирулината ги апсорбира скоро сите минерали есенцијални за човековиот организам. Особено е богата со железо, а содржи и цинк, селен, магнезиум, калиум, калциум, бакар, манган, фосфор и натриум.

·         Есенцијални масни киселини: спирулината ги содржи најпотребните омега 3 и 6 масни киселини, вклучувајќи ја и ГЛА( гама линоленската киселина).

·         Пигменти: спирулината едноставо е виножито од природни пигменти кои помагаат за синтезата на ензимите потребни за регулирање на метаболизамот.

·         Јаглехидрати: таа содржи околу 13,6% јаглехидрати а некои од нив се рамноза, маноза, ксилоза и галактоза. Спирулината нема целулоза во својот состав, карактерестика што ја прави соодветен прехранбен производ за луѓе со проблеми при цревна апсорпција и геријатриски пациенти.

 

 

 

v  Лековити својства на спирулината

 

Спирулината има широка примена и делува на повеќе начини врз човечкиот организам и неговото здравје:

-          го зајакнува имунолошкиот систем, ја зголемува издржливоста и отпорноста на организамот

-          ја зголемува физичката енергија

-          го прочистува организамот и ги уништува слободните радикали

-          помага при регулирање на телесната тежина

-          се употребува при поленска треска, стрес, анксиозност, замор, депресија

-          ја подобрува работата на срцето, го регулира холестеролот и крвниот притисок

-          го подобрува варењето на храната и работата на дигестивниот систем, ја обновува цревната флора

-          ја зголемува менталната енергија и ја подобрува работата на мозокот

-          го подмладува организамот и го успорува стареењето

-          се применува при менструални проблеми, проблеми со жолчката, црниот дроб, тврда столица, артритис и други болести.

 

v  Употреба

 

·         За подобрување на општата одбранбенсот на организамот: спирулината го поттикнува системот за одбрана на организамот и ја подобрува способноста на телото да регенерира нови клетки како што се : матичните клетки од коскевата срцевина, макрофагите,

 Т- клетките и природните клетки убијци.

·         Го зголемува нивото на цитокини и интерферони во организамот: цитокоините се молекули кои праќаат сигнали за алармирање на „борците“ на имунолошкиот систем кои му укажуваат на телото дека постои  можмост за појава на некоја болест и му помагаат во судирот со неа. Интерфероните се друг тип  на сигнали, тие функционираат преку врзување на рецепторите кои се лоцирани на колеточните мембрани, испраќајќи им „црвени сигнали“ на клетките. Клетките потоа одговараат на оваа порака преку активација на 20-30 гени кои создаваат анти-вирусна клеточна средина

·         Спирулината значително ги подобрува симптомите на алергија.

·         Моќна анти-вирусна активностмали количества од есктарктот од спирулина ја намалуваат вирусната репликација, додека големи концентрати целосно ја запираат неговата репродукција. Спирулината инхибира репликација на вирусите ХИВ 1, херпес симплекс, хуманиот цитомегаловирус, инфлуенца Тип А вирусот, вирусот заушки и мали сипаници.

·         Анти-канцер ефектБета каротенот со кој е богата спирулината, може да го спречи или инхибира растот на кнцер клетките. Некои од најчестите форми на рак се смета дека се резултат на оштетената ДНК што предизвикува неконтролиран раст на клетките.

 

 

·         Против стареење и невропротективни ефекти: спирулината треба да се смета како терапевстка интревенција при стареење на мозокот. Таа има дејство врз централниот нервен систем против оксидативен стрес и воспаление, и му помага на мозокот да се регенерира по повреда или неврогенеративни промени.

No blog posts to list

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2018