Подписка на рассылку

КОЕНЗИМ Q 10 (БРОЈ 1 ЧУВАР НА СРЦЕТО)

2017-08-01 14:46:44 0 By: Jonceska Times Read: 1066

Коензим Q 10

(број 1 чувар на срцето)

 

Капсулите „Коензим Q10“ на Green World имаат позитивен ефект врз срцевите аритмии, го зајакнуваат ослабениот срцев мускул, ја зголемуваат силата на срцевите контракции. Тие се ефикасни за намалување на ризикот од атеросклероза (стеснување на крвните садови). Го намалуваат ризикот и ефектите од појава на ангина пекторис и миокарден инфаркт. Го намалуваат ризикот при операции на срце (бајпас, срцеви залистоци). Намаленото ниво на коенизим Q 10 во срцето доведува до слабеење на имунолошкиот систем, замор, слабост, таложење на масни наслаги.


 

Состав:


-          коензим Q 10

-          екстракт од корен од жалфија

-          екстракт од корен од астрагалус

 

Препораки за употреба:

 

-          за ревитализација и зајакнување на имунолошкиот систем

-          при болести на срцето (срцева инсуфициенција, кардиомиопатија, ангина пекторис, аритмија, миокарден инфакрт)

-          во лекување на пост-инфаркт состојбите, бидејќи обезбедува подобро снабдување со енергија на останатиот дел на здравиот срцев мускул

-          за побрзо закрепнувањe по операција на срцето

-          при Паркинсонова и Алцхејмерова болест, мултиплекс склероза и новодегенеративни заболувања

-          за превенција од малигни заболувања

-          при мускулна дистрофија

-          при хипертензија – висок крвен притисок

-          во терапија со статини (лекови за намалување на холестеролот во телото доведуваат до дефицит на коезним  Q 10 во срцевиот мускул)

-          при парадентоза

-          против стареење на клетките и ткивата на организамот

-          се препорачува на лица кои се постојано изложени на стрес и зголемена ментална и физичка исцрпеност.


 

v  Коензим Q 10 ( CoQ10) – есенцијален за животот и опстанокот на клетките

 

Коензимот Q 10 ги снабдува клетките на организамот со енергија, а со тоа го регулира снабдувањето со енергија на целото тело. Сите клетки во човековиот организам содржат Q10, што е од суштинско значење за правилно одвивање на биохемиските и биолошките процеси и одржување на здравјето.

Коензимот Q 10 е исто така познат и како убикинон. Постојат 10 видови на коензим Q, но само Q 10 е присутен во човековото тело. Овој коензим природно се јавува во организамот. Телото има способност самостојно да го синтетизира Q 10 во срцето. До 30-тата година од животот, телото го произведува во доволни количини. После 30-тата година оваа способност се намалува и со текот на годините директно пропорционално продолжува да се намалува дури и до 80%.  Како последица на намаленото произвдоство на овој коензим, доаѓа до намалување на енергетските процеси во организамот, до пореметување на енергетската рамнотежа и до различни функционални нарушувања, кои најбрзо се забележуваат во работата на срцето. Овие пореметувања се јавуваат при намалување на концентрацијата на коензим Q 10 за 25%. Недостатокот на овој коензим  доведува до слабеење на срцевиот мускул, висок крвен притисок и многу други болести.

 

v  Како делува коензим Q10?

 

Коензимот Q 10 е супстанца слична на витамините. По структурата е многу сличен на витаминот Е, и придонесува за неговата регереација, меѓутоа антиоксидативното дејство му е многу по силно. Има синергетски ефект со селен и глутатион, кои исто така се моќни антиоксиданси.

 

Како антиоксиданс коензимот Q 10 ги забавува процесите кои водат до оштетување и стареење на клетките и ткивата, ја штити флексибилноста на клеточните мембрани од оштетувањата предизвикани од слободните радикали,  го спречува уништувањето на протеините и оштетувањето на ДНК.  

 

Освен што е силен антиоксиданс, коензимот Q 10 делува и како канализатор кој ги забрзува и насочува биохемските процеси. Тој го иницира процесот на пренесување на електроните кои се потребни за создавање на енергија во митохондријата, која се нарекува „мала електрана“ на организамот, во која преку храната се произведува аденозин трифосфат (АТП) кој е „гориво“ на човековото тело, без кое клетките не би можеле да функционираат.  Коензим Q 10 влијае на метаболилките процеси и  на согорувањето на мастите.

 

Кардиоваскуларните заболувања се главна област на истражување за примена на коензим Q 10. Најновите истражувања покажуваат дека неговата улога е од исклучително значење за подобрување на ендотелата кои ја обложуваат внатрешноста на крвните садови и спречуваат штетните агенси да навлезат во ѕидовите на крвните садови. Нарушувањето на ендотелијалната функција претставува рана фаза во развојот на кардиоваскуларните болести, почнувајќи од атероскелроза. Коензимот Q 10 го спречува оштетувањето на невроните кои можат да бидат предизвикани од исхемја, атеросклероза и токсични оштетувања. Неколку студии покажале дека токму оштетените неврони се главна причина за новодегенеративни болести како Паркинсонова и Хантигтонова болест. Кај пациентите со Паркинсонова болест е забележано намалување на концентрацијата на коензим Q 10.

 

v  Како да се внесува коензим Q 10?

 

Карактеристично за коензимот Q 10 е тоа што е антиокисиданс растворлив во масти. Заради својата липофилбност (растворливост во масти) и високата молекуларна тежина, апсорпцијата на овој коензим преку храната е тешка и спора. Од друга страна, додатоците во исхрана покажуваат висока ефикасност и се направени да бидат правилно апсорбирани од страна на организамот. На тој начин може да се надокнади недостатокот од коензим Q 10. Внесен преку додатоци коензимот Q 10 не влијае на намалување на производството на истиот во телото.

 

Во исхраната овој коензим не е многу застапен, а го има во мали количини во рибата и месото, како и житарките, сојата, спанаќот и брокулата

 

Како додаток во исхраната на пазарот е присутен уште од 1974 година. Откако е развиено неговото  масовно производство, е преипшан и како лек за срцеви заболувања во Кина и Јапонија, заради тоа што лицата со болести на срцевиот мускул имаат посебен дефицит од овој коензим. Бројни клинички студии и научни трудови ја потврдија неговата ефикасност.

 

Дневна препорачана доза на коензим Q 10 e 30 мг на ден, но во слачај на голема исцрпеност на срцевиот мускул се применуваат и дози од 100 мг дневно.  

 

Во случаи кога постои значителен недостаток на коензим Q 10, веднаш по почетокот на внесувањето се покажуваат видливи позитивни резултати, бидејќи и малото зголемување на ефикасноста на срцевиот мускул лесно се забележува, додека во случај на помал дефицит на коензим Q 10, видливи ефекти се манифестираат во период од 3-4 месеци.

 

Не постојат случаи во кои е познато дека не би требало да се користи коензим Q 10, и не предизвикува никакви несакани ефекти поради тоа што е природна компонента на телото и важи за безбеден лек.  

 

Со кои лекови не треба да се применува истовремено Q 10?

 

Дијабетичарите треба да го следат нивото на шеќер во крвта за време на терапијата со Q 10, и да ја корегираат дозата бидејќи тој доведува до намалување на шеќер во крвта, На пациентите кои користат статини им се препорачува дополнителен внес на коезим Q 10. Оние кои користат варфарин треба да ја проверат вредонста на седиментацијата.

 

v  Забелешка

Q 10 не треба да ги прекинете одеднаш, бидејќи може да се влошат симптомите на срцевата болест.


 

 

 

Comments

Write Comment

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2026