Подписка на рассылку

ЖЕН – ШЕН „KОРЕН НА ЖИВОТОТ“

2017-07-31 17:37:24 0 By: Jonceska Times Read: 1073

 

Жен – Шен „Kорен на животот“

 

Оваа лековита билка е широко распространета во источните и централните делови на Азија, каде коренот го нарекуваат чудотворен. Коренот на жен-шен е со цилиндрична форма, така што обликот наликува на човечко тело. Некои луѓе ги посветиле своите животи во барање на чудесниот корен кој повеќе личи на човечкото тело, бидејќи се верува дека тогаш исцелителната моќ му е повисока.


Позитивните ефекти од овие билки се многубројни. Жен-шен е традиционален психофизички тоник и стимуланс. Се користи општо како тоник, како средство за зголемување на отпорноста на организмот против различни стресни ситуации и болести. Примената на жен-шен го спречува заморот и ги подобрува физичките способности.

Древните ориентални записи, кои потекнуваат од кинеските лекари, ја нарекуваат коренот на оваа билка „билка која лечи се“ и „корен на животот“. Тие тврдат дека го забавуваат процесот на стареење, ја зачувува и враќа физичката и ментална сила. Експертите вообичаено со виталноста и долгиот живот својствени за кинезите ја објаснуваат редовната употреба на овој чудесен корен.

Жен-шен успешно ги нормализира нарушените телесни функции поради стрес.

Важно е да се истакне дека го поттикнува репродуктивниот систем и циркулацијата на крвта кај мажите и на тој начин ја елиминира машката импотенција.

Жен-шен се препорачува :

·         на спортисти и луѓе ангажирани за тешка физичка работа;

·         на заболени од бронхитис, астма, артритис, различни воспаленија и инфекции со кандида;

·         по зрачење и хемотерапија;

·         за анемични лица и оние со слаба циркулација;

·         на лица со нарушено варење на храната и слаба циркулација;

·         за олеснување на ПМС симптомите;

·         мажи во текот на андропауза и за жени во менопауза;

·         против несоница, депресија, хроничен замор;

·         за севкупна виталност, чистење и детоксикација на организмот;


Лековити својства

Според податоците на кинеската медицина, жен-шен ефикасно ја лекува и меѓу другото, импотенцијата и нарушувањата на крвниот притисок (на посебен начин : го намалува притисокот кај луѓето кои страдаат од висок крвен притисок, а го зголемува кај оние кои имаат проблеми со низок притисок).

Исто така, жен-шен има корисен ефект на анемија, воспалителни болести на зглобовите, пречки при варење, ја отстранува несоницата, заморот и циркуларните нарушувања, како и спречување на хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта).

Покрај наведеното, преку влијанието на жлездите со внатрешно лачење (ендокрини жлезди), жен-шенот е особено корисен во целосното искористување на витамини и минерали во организмот. Без витамини и минерали, телото не може да ги процесира и претвора шеќерите и мастите, односно протеините во основни градежни материи. Користењето на жен-шен може да биде корисно за сите, без оглед на возраста или полот, корисен е за лекување на болести и како заштита.

 

Comments

Write Comment

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2026
> Поиск" />