СЕЛЕН
(оган на животот)
Селенот е есенцијален олигоелемент кој е од суштинско значење за човековото тело, кој се наоѓа и е доволен во помали количини во организамот. Селенот е откриен од страна на шведскиот научник Јаков Бразелиум во 1781 година, а во 1818 година се признати неговите оздравителни функции и од тогаш е познат како „оган на животот“, „бранител на срцето“, „воин против ракот“ и како минерал на младоста. Овој елемент е именуван по божицата Селена, која во грчката митологија ја симболизира месечината.

Состав: 100 % органски селен
· Најважни функции на селенот се:
- антиоксидансна функција
- функција на детоксификатор
- функција на антиканцер.
v Селенот во човековото тело
Селенот е минерал од есенцијално значење за здравјето на човековиот организам. Во нашето поднебје, тој не е многу присутен во почвата, затоа е неопходно да се внесува преку додатоци во исхраната. Селенот припаѓа во групата антиоксиданси кои се растворливи во вода. Иако човековото тело содржи приближно само 20 mg селен, тој заедно со цинкот, калциумот и калиумот влегува во состав на повеќе од 200 ферменти и хормони. Најголем дел од селенот е сместен во мускулите, особено срцето, во бубрезите, црниот дроб, слезината, и во тестисите и спремата кај мажите.
· Употребата на селен е неопходна при:
- Развој на профилактични онколошки болести (овој минерал помага во намалување на ризикот од појава на разни видови канцер и во третманот на веќе дијагностициран канцер бидејќи го намалува неговото ширење и метастазирање благодарение на способноста да создава антитела).
- За време на спроведување на хемотерапија и радиотерапија.
- При болести на кардиоваскуларниот систем (исхемична болест на срцето, висок крвен притисок, аритмија, миокарден инфаркт), како и за брзо обновување на срцевиот мускул после срцев удар и операција. Селенот помага во одржување на интегритетот на артерските ткива, го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем и ендотелните клетки, го регулира крвниот притисок, учествува во коагулацијата на крвта и ги намалува атероматозните наслаги на артетиите
- После хируршки интервенции.
- При атеросклероза (за нормализирање на размената на холестерол и подобрување на еластичноста на ѕидовите на крвните садови).
- При болести на зглобовите и коските (остеохиндроза и остеопороза), како и при повреди и фрактури на коските.
- При холецистит и хепатит, како и за подобрување на фунцијата на црниот дроб и нормално образување на жолчката. Тоа се должи на способноста на селенот да го штити организмот од таложењето на токсични метали (како на пример: арсенот, кадиумот, живата и оловото)
- При болести на дигестивниот тракт: гастритис, колитис, панкреатит.
- При проблеми со тироидната жлезда, бидејќи е вклучен во производствотот на тироидните хормони.
- При бронхијална астма и алергии.
- При машка неплодност – олигоспермија (помага во спермогенезата и ја зголемува потенцијата, ги нормализира функциита на половите жлезди, а неговиот недостатокот ја намалува подвижност на спрематозоидите.).
· Селен и витамин Е
Селенот функционира синергетски со витаминот Е, и го засилува неговото дејство, а од друга страна витаминот Е е потребен за правилна апсорпција на селенот во организамот. Затоа се препорачува да се заемаат заедно. Оваа комбинација му помага на организамот во одржување и зајакнување на имунитетот, му помага во создавање на антитела и го зголемува производството на леукоцити кои ја зголемуваат способноста на организамот да се штити од разни болести и инфекции, и помага во правилно функционирање на метаболизамот.
Селенот во организамот го засилува дејството на другите антиоксиданси како цинкот и витаминот C, а
учествува и во синтезата на коензимот Q 10.

v Воведување на дополнителен селен во исхраната се препорачува:
- Во еколошки штетни услови , особено во случаи на инфекција со тешки метали и изложеност на зрачење.
- Во случаи на прекумерен и хроничен замор.
- За пушачите, да ги намалат штетните фекти од тутунот, катранот и тешките метали кои ги содржат цигарите.
- При акутни и хронични заболувања.
- За зголемување на имунитетот на организамот.
- За бремени жени и доилки, за да обезбедат целосен и правилен развој на детето.
v Дневна потребна доза
Долго време не се знаело колкава е дневната потреба од селен во човечкиот организам. Подоцна се прифатила вредноста од 50-70 μг (микрограми), односно 55 μг за жени, 70 μг за мажи, а за деца потребната количина изнесува околу 1 μг на 1 кг тежина. За бремени жени, мајки доилки, спортисти, пушачи, потребите од селен се поголеми – до 200 μг на ден. Треба да знаете дека селенот треба да се внесува заедно со витамините Е и C.
v Недостаток на селен во организамот
Недостатокот на селен најчесто доведува до определени заболувања како на пример болести на кожата, косата и ноктите, разни воспаленија, алергии, доаѓа до намалување на синтеза на протеини, дегенеративни промени во миокардот и мускулите во целина. Дефицитот исто така може да влијае на синтезата на тироидните хормони, зголемување на склоноста кон формирање на тумори, катаракта, се намалува визуелната острина на очите, но води и кон намалување на имунитетот. Недостатокот на селен влијае на синтезата на хормоните на штитната жлезда, но и врз регенерација на повредените ткива.
v Болести до коишто води дефицитот на селен се:
Енергетска дистрофија | Исхемична болест на срцето | Миоми и заболувања од рак |
Хемолитичка анемија | Цироза на црниот дроб | Фиброзни тумори |
Кешанска болест | Панкреатит | Пореметувања на бременоста |
Хипертонија | Пореметувања на бременоста | Катаракта и др. |
v Кој е непријател на селенот?
Најголем непријател на селенот се шеќерите. Слатките, тортите, колачите се способни делумно или потполно да го задушат дејството на селенот. Уште една работа што треба да се има на ум е дека во текот на обработката на продуктот селенот се губи и помалку го има во конзервирана одошто во свежа храна . Токму затоа, конзумирајте колку што можете повеќе жива, термички необработена храна.
Природни извори на селен се: пченицата, триците, јаткастите плодови (особено бразилскиот и индискиот орев), пивскиот квасец, доматот, лиснатиот зеленчук , рибата.