Лецитин
Капсулите „Лецитин“ ги хранат клетките на централниот нервен систем, ја подобруваат работата на мозокот и меморијата. Ја поттикунуваат циркулацијата во целиот организам, го подобруваат метаболизамот и учествуваат во синтезата на фосфолипиди. Вршат детоксикација на целиот организам, а посебно учествуваат во чистење на црниот дроб.

Состав:
- соја лецитин
- витамин Е
- жолт восок
v Лековити својства на лецитинот
Што е лецитинот и за што служи?
Лецитинот е најзастапен фосфолипид (комплексен вид на маст) во организамот кој е од суштинско значење за нормална телесна функција, особено за виталните органи како срцето, мозокот, црниот дроб и нервниот систем. Лецитинот претставува клучен градежен материјал на клеточните мембрани чија улога е да ги пропушта хранливите материи во клетките и да ги елиминра штетните материи од клетките.
Лецитинот врши две важни функции во нашиот организам: го минимизира ризикот од срцев удар и ги штити и негува мозочните клетки. Лецитинот го уништува “лошиот” холестерол во крвта и ги спречува седиментите на маснотии, измешани со минерали, да се формираат долж ѕидовите на вените и артериите, што резултира со срцеви проблеми. Лецитинот го спречува изградувањето на оваа маснотија и со тоа го намалува крвниот притисок и шансите за срцев и мозочен удар.
v Здравствени придобивки на лецитинот
Кардиоваскуларно здравје:
- Спречува натрупување на маснотии и лош холестерол на ѕидовите на срцето, артериите и вените (холестеролот и другите штетни масти ги претвара во мешавина со вода, која потоа се исфрла од организамот).
- Ги чисти ѕидовите на крвните садови, ја подобрува нивната еластичност и ја зајакнува срцевата мускулатура.
- Го намалува нивото на штетниот холестерол и високиот крвен притисок.
Подобра меморија и ментална острина:
- Учествува во изградбата на нервите и ја подобрува функцијата на нервниот систем.
- Ја зголемува концентрацијата и меморијата.
- Делува смирувачки на нервниот систем, а особено поволно делува при стрес.
- Поддршка при третман на Алцхејмерова болест.
Други придобивки:
- Ја зголемува издржливоста и силата и ги подобрува физичките перформанси.
- Помага во разградувањето и ослободувањето од енергија, што е особено важно за спортот.
- Го детоксифицира и одмастува црниот дроб.
- Го олеснува метаболизамот и варењето на маснотиите (лецитинот е согорувач и разградувач на мастите)
- Ја зголемува репродуктивната способност и плодност кај мажите и жените.
- Ги намалува ревматските болки во зглобовите (за лица чувствителни на временски промени).
- Ја зајакнува косата и спречува нејзино опаѓање.
- Спречува создаваање на камења во жолчката и го подобрува здравјето на жолчката.
- Дава поддршка за здрави клетки на дојките и функционирање на жлездите кај жените.
- Ја поттикнува работата на цревата, ја олеснува столицата и ја отстранува подуеноста.

v Соја лецитинот
Соја лецитинот е остаток што се добива при производството на масло од соја и брашно. Многу е важно да бидете сигурни дека не се работи за ГМО соја која води до дефицит на протеини во организмот. На глобално ниво дури 85 проценти од сојата на пазарот е ГМО производ.
v Витамин Е
Витаминот Е е еден од најважните антиоксидансти во телото, кој ги штити клетките од оштетување под дејство на слободните радикали – како што се забразување на процесот на стареење и развој на кардиоваскуларни и канцерогени болести. Придонесува за подобрување на општата здавствена сосотјба.
Витамин е спречува настанување на артериски плочки, стеснување на артериите и развој на атеросклероза. Тој исто така ја спречува оксидацијата на мастите и оштетувањето на
крвните садови, инсталацијата на холестеролот во артериите , а со тоа го спречува развојот на болести на срцето и крвните садови.
Витаминот Е е неопходен за нормално функционирање на машките полови жлезди, како и за нормален тек на бременоста, Учествува во регулацијата на нормален раст на мускулите како и во регулирање на функционирањето на нервниот систем.
Витаминот Е игра важна улога во метаболизамот на протеини, јагленхидрати и масти, како и во циркулирањето на течностите во организамот. Ги регулира клетките и го скратува периодот на оштетување на организамот.
v Жолт восок
Пчелниот восок е чист производ на телото на пчелите работнички. Тие го синтетизираат во специјални т.н. восочни жлезди. Восокот кој се создава во восочните жлезди е во течна агрегатна состојба,се излачува преку восочните огледалца при што во допир со воздухот се стврднува со восочни плочки со неправилен петоаголен облик.Секоја плочка е тешка од 0,18 до 0,25мг (еден килограм восок се состои од 4,2 милиони такви плочки). Старите Египќани го користеле восокот во смесата за мумифицирање и како козметичко средство. Парчињата восок кои биле пронајдени во египетските пирамиди сеуште биле меки и имале карактеристичен мирис на восок. Во античките времиња луѓето знаеле дека восокот е “поефикасен” од калта на Мртвото море (која е позната по своите антимикробни својства). Пчелиниот восок има силни антимикробни својства и физичка пластичност која не се губи повеќе стотици години.
