Подписка на рассылку

БОНБОНИ ОД БОРОВНИЦА ЗБОГАТЕНИ СО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА ВИТАМИН Ц

2017-07-20 17:28:33 0 By: Jonceska Times Read: 761

Бонбони од боровница збогатени со големи

количини на витамин C

 

Бонбоните од боровница се производ  од новата палета на производи на Green World. Направени се од прав од свежи боровници и се збогатени со големи количини на витамин C. Овие бонбони  претставуваат нова генерација на бонбони. Тие се многу здрави, имаат одличен вкус и содржат многу хранливи нутриенти.


 

v  Состав

-          прав од свежи боровници

-          лактоза

-          аскорбинска киселина (витамин C)

-          лимонска киселина

-          малтодекстрин.

-           

Боровниците содржат широк спектар на хранливи материи, изобилуваат со манган, витамини Ц и К, и диетални влакна. Богати се и со калиум, калциум и фосфор, а уште повеќе се истакнуваат со содржината на фитонутриенти.

Боровниците содржат значително количество на пектин кој го снижува холестеролот, и антоцијанин – еден од најсилните антиоксиданти. Боровниците имаат низок глихемиски индекс и истражувањата покажале дека добро влијаат на регулацијата на шеќерот во крвта кај лицата кои страдаат од дијабетес тип 2.

Витаминот C е растворлив во вода, што значи дека човековиот организам  не може сам да го синтетизира и не го складира. Затоа, е потребен негов секојдневен и адекватен внес. Витаминот C е потребен за правилна апсорпција на железото во организамот, како и за растење и регениерирање на клетките во сите делови на телото. Витаминот C му помага на организамот да произведува колаген, протеин од кој е направена кожата, ‘рскавицата, тетивите и лигаментите.

 

v  Дејство

-          Го подобруваат имунитетотот, ја зголемуваат отпорноста против настинки и ја одржуваат општата здравствена состојба на организамот.

-          Ги заштитуваат очите. го подобруваат видот и визуелната острина.

-          Даваат енергија и ја подобруваат виталноста.

 

v  Погодни за

-          Лица од сите старосни групи.


Боровницата има толку многу здравствени користи, што речиси е невозможно да се набројат. Консумирањето на замрзнати боровинки е препорачливо, бидејќи по замрзнувањето количината на антоцијани во боровинките расте.


 

Comments

Write Comment

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2026