Подписка на рассылку

МУЛТИВИТАМИНИ

2017-07-14 16:23:10 0 By: Jonceska Times Read: 1100

Мултивитамини

 

Зборот витамин на латински значи живот. Витамините се органски соединенија од природата, кои ги има во животинскиот и растителниот свет.  Здравиот начин на исхрана значи консумација на разновидна храна и доволен внес на витамини. Витамините се потребни за виталноста и регулирањето на метаболички процеси, и се важни заради одржување на оптимално здравје

 

Таблетите „Мултивитамини за возрасни“ ги обезбедуваат оптималните дози на витамини неопходни за правилно функционирање на организамот.


 

Состав:

-          витамин А (бета-каротен)

-          витамин B1 (тиамин)

-          витамин B2 (рибофлавин)

-          витамин B3 (ниацин, никотинска киселина)

-          витамин B5 (панотенска киселина)

-          витамин B6 (пиродоксин)

-          витамин B9 (фолна киселина)

-          витамин B12 (кобалмин)

-          витамин C ( аскорбинска киселина)

-          витамин D (холекалциферол)

-          витамин E (токоферол).

 

Се препорачува да ги применуваат:

-          лица кои конзумираат нискокалорична, еднолична и диетална храна, вегетаријанци

-          лица кои конзумираат алкохол или дрога

-          лица кои се изложени на стрес, емоционален и психички товар

-          после оперативен зафат, тешка траума, изгореници

-          хронично болни лица.

 

Зашто е потребно да внесуваме витамини?

 

-          Бидејќи нивната превентивна улога е заштита на организамот, се борат против заморот и заболувањата и имаат функција на обновување на заболен организам.

-          Бидејќи повеќето од витамините човековото тело не може самостојно да ги синтетизира, па затоа мора постојано да се внесуваат.

-          Поради стресот и лошата исхрана кои го нарушуваат имунитетот, потребата за внес на витамини во организамот се зголемува.

-          При недостиг на одреден витамин или при пореметена апсорпција на витамини,  се јавува нарушување на здравјето, и тогаш внесот на витамини може да делува ефикасно како терапија.

 

Придобивки од консумирање на мултивитамини:

-          ја враќаат енергијата, го совладуваат уморот

-          го подобруваат изгледот на кожата

-          го одржуваат имунитетот

-          го надополнуваат недостатокот на витамини во организмот со што овозможуваат нормално одвивање на процесите во телото.

 

Потполно е безбедно да се внесуваат (мулти)витамини секој ден, но во препорачана доза утврдена од стручно и компетентно лице.

 

Консумирањето мултивитамини не треба да биде супститут на храната, туку суплеметнт!

 

Comments

Write Comment

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2026