ОМЕГА 3
„Омега 3“ капсулите се меки капсули со рибино масло кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, ја зголемуваат енергијата на организамот, го подобруваат снабдувањето на клетките со кислород, дејствуваат превентивно против широк спектар на болести. Го одржуваат физичкото и емоционалното здравје и поттикнувата здрав метаболизам. Го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни и церебрални заболувања. Тие имаат анти-канцерогени и анти-ангиодентски ефекети (ги убиваат клетките на ракот).

Омега 3
киселините му се потребни на секој човек, бидејќи се содржани во сите клетки и
учествуваат во изградбите на клеточните мембрани. Веганите се однапред
предупредени да внесуваат доволна количина на Омега 3 масните киселнини,
бидејќи се ограничено содржани во производите од растително потекло. На децата Омега 3 масни киселини им се неопходни за конгитивните
функции, за правилен раст и развој, за
добра меморија и учење, како и за
расположение и само-контрола. Бремените
жени потребно е да внесуваат Омега 3 во текот на целата бременост заради
правилен развој на фетусот и превенција од постпородилна депресија. Соодветен внес на овие масни
киселини во текот на бременоста и лактацијата кај децата влијае на
намалување на појавата на алергии, ја подобрува координација на очите
и рацете, подобрува вродени и стекнати функции.
Состав:
-
концентрирано рибино масло од лосос
-
Омега 3 масни киселини : EPA и DHA
Препораки за употреба:
-
при
нарушен имунитет
-
за
намалување на ризикот од рак
-
при
кардиоваскуларни заболувања
-
за
превенција од венска тромбоза
-
за
намалување на нивото на холестерол во крвта
-
при
болести на нервниот систем
-
при
болести на коските (остеопороза)
-
при
недостаток на D3 витамин
-
при
астма
-
кај
синдром на хроничен замор
-
при
фибромијалгија
-
при
закрепнување од вирусни инфкции
-
за
подобрување на состојбата на кожата (особено псоријаза).
v Лековити својства на
рибиното масло од лосос:
-
го
обезбедува организамот со есенцијалните незаситени масни киселини
-
има
силно антиоксидативно и тонизирачко дејство
-
го
намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, нарушувања на срцевиот ритам и
ангина
-
ја
подобрува циркулацијата на крвта и го намалува крвниот притисок
-
го
забрзува метаболизамот на мастите, го намалува холестеролот и триглицеридите во
крвта
-
го
олеснува воспалението и болката при ревматски и дегенеративни болести на
муслулно- скелетниот систем, вклучувајќи и остеопороза и спортски повреди
-
благотворно
влијае врз когнитивните функции
-
помага
во третманот на невролошки пореметувања, депресија и мултиплекс склероза
-
ја
стимулира функцијата на видот.
v ОМЕГА 3 масни киселини
Омега 3 масните киселини се
есенцијални масни киселини. Есенцијални значи дека телото не може да ги
синтетизира, туку мора да се внесат со храната. Омега 3 масните киселини се
наоѓаат во мрсната морска риба, како лосос, туна, сардини, харинга, скуша,
бакалар. Нутриционистите препорачуваат земање на риба барем 3 пати неделно,
особено масни морски риби богати со овие киселини.
Висок холестерол
Ескимите, кои користат многу риба богата со омега-3 масни
киселини во исхраната, имаат низок LDL -лош холестерол и зголемен HDL
– добар холестерол. Неколку големи клинички студии потврдиле дека EPA и DHA го намалуваат вкупниот
холестерол и триглицеридите во крвта.
Висок крвен притисок
Со анализа на клиничките студии може да се заклучи дека
со суплементот на 3г рибино масло дневно може значително да се намали крвниот
притисок кај луѓето кои не користеле терапија за контрола на крвниот притисок.
Болести на срцето
Еден од најдобрите начини да се спречи развој на болести
на срцето е да се намали внесот на заситени масти (животински масти) и да се
зголеми внесот на незаситени масти (масти од растително потекло), вклучително и
омега-3 масни киселини. Исто така беше, потврдено дека ја спречуваат појавата и
развојот на атеросклероза (стеснување на крвните садови поради задебелување и
акумулација на масти во ѕидовите на крвните садови). Со суплементација на
омега-3 масните киселини значително е намален ризикот од ненадеен срцев удар
или мозочен удар. Преку доволниот внес на риба се спречува формирањето на
тромб, кој може да ги запуши артериите и да доведе до срцев удар или мозочен
удар. Всушност, со внесувањето на две порции масна морска риба неделно го
намалувате ризикот од мозочен удар за 50%. Сепак, со ништо не треба да се
претерува, па луѓето кои земаат повеќе од 3г
рибино масло (3 порции риба на ден) може
да го зголемат ризикот од крвавење, а потенцијалното крвавење на мозокот може
да биде фатално.
Артритис
Повеќето клинички истражувања спроведени за употребата на
омега-3 масни киселини кај воспалителни
состојби на зглобовите се фокусирани на ревматоиден артритис. Откриено е дека
овие киселини ја намалуваат болката во зглобовите, утринската вкочанетост и овозможуваат намалување на износот на лековите кои се
користат од страна на пациентите со ревматоиден артритис, но и други хронични
воспалителни болести, како што е остеоартритисот кои може да се ублажат со
употреба на омега-3 масни киселини.
Депресија
Луѓето кои не внесуваат
доволно омега-6 масни киселини, или не одржуваат рамнотежа во
односот на омега 3 и омега 6 масните
киселини во исхраната се изложени на зголемен ризик за развој на депресија.
Омега-3 масните киселини се вклучени во
составот на мембраните на нервните клетки. Овозможуваат комуникација меѓу
нервните клетки, кои се неопходни за одржување на доброто ментално здравје. Кај
депресивните пациенти кои земаа 2-3 порции масна риба неделно во текот на 5
години забележано е значително намалување на депресивните чувства.
Медитеранската исхрана вклучува здрава врска помеѓу внесот на омега-3 и омега-6 масните киселини. Ова вклучува ограничен внес на месо, а нагласена доза на производи од цели житни зрна, свежо овошје и зеленчук, риба, маслиново масло, лук и умерено консумирање на вино
Други индикации
Употребата на омега-3 масните киселини клинички тестирана е кај: остеопороза, биполарно растројство, шизофренија, булимија, анорексија, разни дерматитис, псоријаза, изгореници од сонце, астма, макуларна дегенерација, менструални болки, воспалителни болести на цревата.
.jpg)
Како делува омега 3 ?
Есенцијалните масни
киселини се градбени материи од кои се произведуваат простагландини, кои регулираат голем број функции во телото, вклучувајќи ги и
имуниот одговор и синтезата на хормоните. Овие простагландини ги намалуваат
воспаленијата, проширувањето на крвните садови, ја намалуваат коагулацијата на
крвта и нивото на штетниот LDL холестерол, а во исто
време го зголемуваат нивото на добриот HDL холестерол. Рибиното
масло не влијае на намалувањето на создавање на холестерол во црниот дроб, кое
може да биде главна причина за хиперхолестеролемија кај наследната форма на
оваа болест.
Овие хранливи материи играат важна улога во правилното
функционирање на мозокот и правилниот развој и раст. Бремените жени, доилките,
децата и жените кои планираат бременост треба да водат сметка за потеклото на
рибата која ја консумираат поради можна контаминација на жива, потребно е да се
користи риба од рибник. Овие категории треба да применуваат омега-3 масните киселини во форма на додатоци од реномирани
производители, кои имаат гаранција дека нема присуство на жива и други токсини
во рибиното масло. Во исхраната на современиот човек постои нерамнотежа во
внесувањето на омега 6 и омега 3 масните киселини. Омега
6 масните киселини се присутни во исхраната, и се внесуваат преку сончоглед,
пченка, масло од ленено семе. Сепак, односот на количината на омега-6 и омега-3
масните киселини во исхраната треба да
биде 2:1 до 4:1, а во модерната исхрана е
од 10:1 до 30:1
Постојат три главни видови на омега 3 масните киселини , кои се усвоени од страна на телото: Алфа линоленска киселина – АLА, еикосапентаноична – EPA и докосахексанска – DHA. Во организмот се прави преведување на АLА во EPA и DHA. Омега-3 масните киселини го намалуваат воспалението, како и факторите на ризик поврзани со развојот на хроничните болести како што се срцевите заболувања, ракот и артритисот. Симптомите на недостаток од омега-3 масни киселини се нагласен замор, слаба меморија, сува кожа, проблеми со срцето, промени во расположението, депресија и слаба циркулација.
Share this: