Подписка на рассылку

ПАРАЗИТИ

2017-07-11 16:22:18 0 By: Jonceska Times Read: 1167



 Паразити



Паразитите „го јадат телото“ а повеќето луѓе не се свесни за нивното постоење и за опасноста за нивното здравје поставена од страна на паразитите. Над 80 % од луѓето имаат некој вид на паразит. Паразитите се хранат со основните хранливи матреии од човековиот организам, ги крадат витамините и минералите а за возврат испуштаат токсини кои го оптоваруваат организамот.

·         Паразитите во човековото тело

Човековото тело е живеалиште на разчични паразити, кои предизвикуваат многу болести. Просечниот маж во неговото тело може да има дури до 1 кг паразити. Жените имаат нешто помалку. Паразитите му ја одземаат виталноста и енергијата на организамот, со што се намалува животниот век и се зголемува ризикот од заболувања од потешки болести. Сите луѓе имаат паразити во нивниот организам, затоа што живееме во свет во кој животот на човекот и животот на парзитот се меѓусебно зависни. Помеѓу човековиот организам и паразитите постои посебен однос. На паразитите им треба човековиот организам како нивно живеалиште, а на човековиот организам му требаат паразитите за да може да го одржува својот имунитет на доволно високо ниво. Се претпоставува дека ова е нормална, природна состојба на животот.

Неприродноста настанува кога ќе се наруши рамнотежата помеќу имунитетот и паразитите. Во ваков случај, паразитите стануваа предизвикувачи на патогени болести.  Ако на организамот не му се помогне благовремено, тој може да настрада. За да се заштити организамот потребни се следниве работи: имунитет, заштитини сили на организамот и доволно знаење во врска со паразитите. Луѓето кои се повеќе емоционални, кои водат нездрав начин на живот и имаат лоши навики околу исхраната и хигиената, како и лица со ослабен имунитет се повеќе подоложени на заболувања од страна на паразитите. Во такви услови паразитите кои биле неактивни почнуваат брзо да растат и со своите активности предизвикуваат многу болести. Дури во одредени тешки случаи доведуваат и до смрт.

Нашите предци го знаеле тоа. Затоа секој народ си има свои природни методи за чистење на телото од паразити.

·         Како паразитите доаѓаат до човековиот организам?

Паразитите се насекаде околу нас : во водата, воздухот, почвата. Нашата околина е нивното природно живеалиште. Постојат околу 2000 различни видови на паразити. Тие повремено (интермитентно) или постајано го населуваат човековото тело т.е.внатрешноста на организамот. Да се спречи нивниот влез во организамот е практично невозможно.

Начини на продирање на паразитите во органиамот се:

 

-          преку нечиста вода и храна

-          неизмиено или слабо измиено овошје и зеленчук

-          термички недоволно обработено месо и риба

-          преку нечисти раце

-          преку воздухот (сите фекалии од животните се разнесуваат преку ветерот) а во организамот влегуваат преку респираторниот систем

-          домашни животни ( преку допир и милување на мачиња и кучиња)

-          преку бањање во мориња, езера, базени (паразитите продираат преку кожата)

-          преку инсекти

-          преку сексуален однос.

 

·         Симпотоми кои укажуваат на раразеност од паразити се:

 

-          повторлива дијареа или опстипација

-          хронично, необјаснето гадење придружено со повраќање

-          грчеви во стомакот и неподносливи постојани гасови

-          лошо варење на храната и абдоменална подуеност

-          губење на апетитот

-          повеќе алергии на храна

-          хроничен замор

-          слабост, апатија, депресија

-          нервоза, раздразливост

-          честа главоболка и вртоглавици

-          тешкотии при спиење (несоница)

-          чешање околу анусот, посебно во текот на ноќта

-          чешање на стапалата придружено со осипи

-          проблем со одржување на телесната тежина

-          кашлање крв ( во потешки случаи)

-          палпитации ( анкиолостоми)

-          отекување на лицето околу очите

-          отежнето дишење и кашлање

-          недостаток на желзо (анемија).

 

Постојат многу симпотоми предизвикани од паразити кои кај луѓето минуваат незабележано, препуштајќи ги најчесто на други причинители. Висината на штетата која може да биде предизвикана од паразитите е огромна, затоа што тие се многу мали и можат да патуваат насекаде низ телото преку крвотокот.

 

·         Како паразитите влијаат врз здравјето на човекот?

 

Паразитите можат да предизвикаат различни болести:

 

-          Нарушувања на имунитетот. Паразитите го слабеат имунолошкиот систем и го намалуваат лачењето на имуноглобулин. Со тоа телото станува подложно на бактериски и вирусни инфекции.

-          Паразитите се во 80 % од случаите прилина за рак и други хронични заболувања.

-          Астмата често има паразитска природа. Болеста се случува врз основа на паразит кој го напаѓа црниот дроб.

-          Пациентите со рак на желудникот и цревата, кои поради болеста се полни со сува содржина која е идеална средина за паразитите.

-          Егзема и псоријаза настануваат при недостаток на силикон во организамот, кој паразитите го користат во нивниот развој.

-          Дијареа. Паразитите произведуваат супстанции кои доведуваат до загуба на натриум и хлорид во организамот што доведува до честа појава на дијареа. Иако дијареата е начин на организамот да се спаси од инфекција, овој симптом е резултат на напад на паразити.

-          Болка во зглобовите и мускулите. Паразитите можат да мигрираат низ телото со цел да се населат во најдобрите течности, како на пример во течноста на зглобовите и мускулите. Овие болки се резултат на оштетени ткива или имунолошка реакција на присуство на паразити, што многу често може да се погреши дека се работи за артритис.

-          Алергија. Паразитите иритираат и понекогаш можат да го пробијат ѕидот на дебелото црево со што се зголемува ризикот од напад на состојките на неубаво зготвена храна. Имунолошкиот систем во ваков случај се брани со создавање на еозинофили- специјален тип на заштитини клетки, Еозинофилите може да предизвикаат воспаление на ткивата, што доведува до алергиски реакции.

-          Промени на кожата. Цревните паразити можат да предизвикаат осип, егзема, чирови на кожата, папиломи, дерматитис и други кожни реакции.

-          Анемија. Некои видови на цревни паразити се прикачуваат на цревниот ѕид и ја користат крвта од човекот. Ако паразитите се во голема колилина, тоа може да придонесе за недостаток на железо, односно анемија. Други видови на паразити се развиваат во самите еритроцити во крвта, се хранат од нејзината содржина , а со тоа доаѓа до намалување на нивото на хемоглобин.

-          Паразитот трихомонда може да настане и во сперматозоидите, што доведува до неплодност и импотенција.

-          Грануломи. Грануломи се израстоци преку кои организамот се обидува да се ослободи од јајцето на паразитот. Тие најчесто се формираат на деболото црево, но и на белите дробови, црниот дроб, стомакот и грлото на матката.

-          Нарушен сон. Честот будење во текот на ноќта, особено помеѓу 2 и 3 часот, може да биде симпотом кој укажува дека телото се обидува да се ослободи од токсините па паразитот преку црниот дроб.

-          Хемороиди. Една од причините за развој на хемороиди може да биде постоење на парзит во слузата на дебелото црево.

-          Хроничен замор. Овој симптом пропратен со често гадење, може да биде предизвикан по дејство на паразит кој предизвикува анемија, интоксикација или предизвикува недостаток на хранливи материи, поради лошата апсопрција на протеини, масти и особено на витамините А и Б12.

-           Склероза- болест на мозокот. Откриено е дека оваа болест е предизвикана од паразиотот трематод кој го напаѓа мозокот и таму се размножува. Овој паразит предизвикува депресија и испушта токсини кои се штетни за мозокот.

 

Најновите истражувања покажуваат дека како причинител на широко распространетиот аутизам кај децаата може да биде паразит кој се развива во мозокот.

 

·         Идентификување на различни видово на паразити

 

Цевчести црви (Нематоди). Живеат во желудникот и цревата а во организмот се внесуваат преку заразена и недоволно термички обработена храна. Арското ѓубриво кое се користи во земјоделството може да биде контамирано со овие црви. Мијте ги рацете секогаш по контакт со вашето милениче и неговиот измет.

 

Срцев црв. Овие паразити живеат во цицачите а особено кај кучињата. Живеат во срцето а нивните ларви можат да се пренесат преку крвотокот и да го намалат дотокот до белите дробови, бубрезите и црниот дроб. Оваа болест ја пренесуваат комарците.

 

Острица (Enterobius). Овие паразити живеат во цревниот тракт и белите дробови, а своите јајца ги полагаат во анусот. Се верува дека тие се многу мали и можат дури да се пренесат преку воздухот.

 

Анкилостоми. Овие нематоди се пренесуваат преку контаминирана вода со нејзино пиење а можат да навлезат и преку вода. Овие црви се уникатни зошто имаат подолг животен век, а нивните јајца можат да бидат во инкубација и до 10 години.

-          

Comments

Write Comment

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2026