Подписка на рассылку

ВИТАМИН А

2017-07-05 15:38:36 0 By: Jonceska Times Read: 1019

Витамин А

 



Витаминот А е првиот откриен витамин, па затоа е именуван по првата буква од латиницата. Припаѓа на групата на витамини растворливи во масти. Овој витамин е од суштинско значење за добро здрваје, неопходен е за правилна функција на имунолошкиот, скелетниот, респираторниот и репродуктивниот систем, како и за сврзното ткиво ( кожа, коса и нокти). Тој е потребен за видот, растењето, за борба против инфекции и за ремодулирање на коската.

 

v        Улога на витаминот А

 

Витаминот А е еден од најкативните антиоксиданси, со тоа што го превенеира оштетувањето на клетките од слободните радикали, а со тоа помага во зајакнување на имунитетот.

 

·         Во организамот витаминот А има повеќе дејства:

 

-        Учествува во контрола на растот и развојот на ткивата како и во растот и регулацијата на клетките на коските.

-        Тој е од суштинско значење за видот – помага за правилно функционирање на ретината, го намалува ризикот од макуларна дегенерација, која е најчеста причина за слепило кај постарите лица. Витаминот А, исто така,  му помага на организамот во производството на родопсин ( пигмент кој ни помага да гледаме во темно), а со тоа помага и во превенција од ноќно слепило.

-         Го зајакнува имунолошкиот систем.

-         Потребен е за правилно функционирање на респираторниот тракт.

-         Влијае врз функционирањето на репродуктивните органи.

-         Дејствува профилактично кај некои видови на рак.

-          Го намалува нивото на лош холестерол и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболуивања.

-          Го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

-          Значаен е за одржуваење на здравјето на забите и непцата.

-        Големо влијание има во растот и развојот на кожата и го помага незјиното регенерирање од оштетувањата настанати од УВ зрачење. Особено е важен во лекување на акните и малите брчки.

-          Важен е за правилен раст на косата и ноктите.

 

v        Препорачани дневни дози на витамин А

 

Препорачаните дневни потреби на витамин А варираат, во зависност од полот и возраста на лицето.

·         Деца (3 години и помалку) – 300µg

·         Деца (4-8 години) – 400µg

·         Деца (9-13 години) – 600µg

·         Тинејџери (14-18 години) – 900µg

·         Возрасни (19 години и нагоре) – 900µg

·         Бремени жени (18 години и надолу) - 750µg

·         Бремени жени (18 години и нагоре) - 770µg

·         Доилки (18 години и надолу) – 1 200µg

·         Доилки (18 години и нагоре) – 1 300µg.

 

v        Недостаток на витамин А во организамот

Повеќето луѓе внесуваат доволни количини на витамин А преку исхраната. Но, недостатокот од овој витамин, иако е реткост , сепак се појавува. Недостатокот на витамин А може да биде причинет од недоволна застапеност во исхраната, заради смалена репсорпција на масти која доведува до  неспобност на организамот да го претвори каротенот во витамин А.

 

·         Симптоми кои се појавуваат при дефицит на витамин А се:

 

-          проблеми со видот ( влошен вид кој се манифестира со ноќно слепило)

-          недоволен телесен развиток кај децата

-          намалена функција на имунолошкиот систем со чести виусни инфекции ( особено респираторни)

-          проблеми со репродуктивниот систем

-          намален апетит

-          проблеми со коските

-          опаѓање на косата

-          проблеми со кожата – преголема сувост и осипи

-          анемија

-          гингивитис.

 

Обично симптомите се појавуваат после долгорочен дефицит на витамионот А.

 

Луѓето со нормално здравје и исхрана имаат значителни резреви на витамин А. Недостатокот на витамин А е поверојатно да се појави кај лица кои се недоволно ухранети, алкохолилари и хронично болни. Особено изложени на ризик се лицата кои се болни од рак, туберколоза, пневмонија, дијабетес, хронични болести на бубрезите и простатата.

 

v        Предозирање со витамин А

 

Прекумерниот внес на витамин А во организамот се нарекува хипервитаминоза А и значи дека вашиот организам има складирано повеќе количини од овој витамин отколку што му е потребно за правилно функционирање. Поголемите количини кои нема да се искористат од организамот, се складираат во црниот дроб и масните ткива. Најчесто предозирањето со витамин А се добива со прекумерно консумирање на овој витамин како додаток во исхраната.

 

Некои од симптомите кои се појавуваат при хипервитаминоза А се: суви усни и кожа, болка во зглобовите и коските, хепато- и спленомегалија, дијареа, повраќање, главоболка, конфузност, иритабилност, депресија, заматен или двоен вид, замор и напната фонтанела кај бебињата.

 

Симптомите најчесто се појавуваат после 6 часа од акутното предозирање и престануваат после неколку недели по прекинот на неговото внесување. Децата се посензитивни на високи нивоа на витамин А, отколку возрасните, затоа кај нив треба да се внимава со дозирањето.

 

Посебно е значајно да се внимава при внесување на витамин А за време на бременост, бидејќи предозирањето во овој случај може да предизвика спонтан абортус и деформации на фетусот, како и проблеми со породувањето и дефекти на новороденчето.

 

Многу високи нивоа на витамин А може да доведат до дефицит на витамините C, E и K. Предозирањето може да доведе и до аномалии на црниот дроб и проблеми со централниот нервен систем. Многу високи нивоа на каротениди може да предизвикаат портокалова дисколорација на кожата, која што е транзиторна и безопасна.

 

 

v 

Comments

Write Comment

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2026