Подписка на рассылку

ВИТАМИН Е - МОЌЕН АНТИОКСИДАНС

2017-04-19 11:48:53 0 By: Jonceska Times Read: 1068

ВИТАМИН Е - МОЌЕН АНТИОКСИДАНС


Витаминот Е е заедничко име за група на витамини со карактеристични антиоксидансни активности. Тие витамини се всушност група на липосолубилни материи познати како токофероли (т.е.алфа токоферол и гама токоферол). Гаматокоферол учествува со 75% од вкупниот витамин Е внесен во исхраната.

Витаминот Е е одоговорен за правилно функционирање на имунолошкиот систем и за одржување на здрави очи и кожа. Како антиоксиданс со моќен удар помага во :

-          спречување на рак, срцеви заболувања и мозочен удар

-          намалување на цереброваскуларни заболувања

-          намалување на катаракта

-          фиброцистичи проблеми и болести на дојката

-          заштитување на нервниот систем од страна на слободните радикали

-          лекување на дијабетес

-          подобрување на меморијата

-          намалување на знаците на стареење

 

Бидејќи витамионт Е е растворлив во масти, потребно е да се зема во присуство на масти за негова правилна апсорпција. Тој се апсорбира од страна на гастроинтестиналниот систем и се складира во ткивата на организамот. Одредени здравствени состојби како болести на црниот дроб, целијакија и цистична фиброза може да предизвикаат намалување на витаминот Е во организамот. Пациентите со бубрежна инсуфициенција, кои се на постојана дијализа, имаат зголемен ризик за дефицит на витамин Е.

Кога ни недостига витамин Е?

Во состојба со намалена апсорпција на масти, при ретки нарушувања на метаболизмот на мастите, може да дојде и до нарушување во апсорбирањето на витаминот Е. Симптомите од недостиг на витамин Е се слабост во мускулите, губење на мускулна маса, проблеми со видот. Хроничниот недостиг може да доведе до проблеми со бубрезите и со црниот дроб. Луѓето со намалена можност за апсорпција на масти може да имаат недостиг на витамин Е. Хроничните заболување, инфламаторно заболени црева, цистична фиброза, се некои од симптомите што можат да доведат до недостиг на витамин Е, поради намалена апсорпција од храна.

Витаминот Е се користи против стрес, озон, азот диоксид, пушење, оксидација, зрачење, стареење. Комбинацијата од витамините А, Ц и Е се користи за детоксикација на мозокот од тешки метали. Витаминот Е ги штити и белите дробови и нормално е таму да има висока концентрација на овој витамин. Овој витамин е релативно нетоксичен, но големи дози може да доведат до крвавење, а може да дојде и до намалување на ниво на витаминот К во организмот. Неговата апсорпција ја помагаат витаминот А, Б1, Б комплекс, Ц, Ф, фосфор, селен, манган, инозитол. Додека, пак, минералните масла, апчињата за контрацепција ја попречуваат.

 

Терапавтески продобивки од витаминот Е се:

 

·         Превенција и третман на рак

Витаминот Е е познат антиоксиданс кој е поврзан со намален ризик на рак на гастроинтестиналниот систем, грлото на матката, простатата, белите дробови и ракот на дојката. Покрај употребата на витаминот Е во превенција на рак, тој се употребува и како третман против рак. Докажано е дека го инхибира растот на туморите и идицира  апоптоза ( клеточна самодеструкција) на канцерогените клетки. Витаминот Е исто така, се испитува како можен адјувантен треман кај пациентите си рак подложени на радијациона терапија. Се смета дека високите дози на антиоксиданси во исхраната можат да ја зголемат ефикасноста на радијационата терапија а во исто време да ги заштитува здравите клетки од оштетување.


·         Заштита на имунлошкиот систем

Различни студии покажале дека суплементите на витаминот Е, особено кај постарите пациенти ја зајакнуваат функцијата на имунолошкиот систем. Овие пациенти покажале подобрување во имунолошкиот одговор, зголемена резистанција на инфекции и зголемена продукција на антитела. Витаминот Е исто така е употребуван кај ХИВ позитивните пациенти за забавување на прогресијата на болеста.

 

·         Заштита на очите

Витаминот Е е многу важен за здравјето на очите и нормален вид. Клиничките испитувања покажале дека суплементарната терапија со витамин Е значајно го намалува ризикот од катаракта и макуларна дегенерација , особено кај жените.

 

·         Превенција на губиток на меморија

Дефицитот на витамин Е се поврзува со послаби резултати на тестовите за меморија.

 

·         Третман на Алцхејмерова болест

Истражувачите откриле дека пациентите со Алцхејмерова болест кои земале дневни суплементи на витамин Е подолго одржувале нормално функционирање. Исто така високот внес на витамин Е во исхраната го намалува ризикот за развој на оваа болест.

 

·         Третман на болести на црнио дроб

Витаминот Е го заштитува црниот дроб од болести.

 

·         Третман на дијабетес

Витаминот Е може да помогне кај пациентите со дијабетес да го искористуваат инсулинот поефикасно. Исто така се покажало дека е ефикасен и кај третманот на дијабетичната невропатија.

 

·         Анелгетик

Витаминот Е има антиинфламаторно и анелегтско дејство.

 

·         Третман на тардивна дискензија

Индивидуии кои земаат невролептични медикаменти за шизофренија или други нарушувања можат да имаат несакани ефекти како на пример доцна дискензија пратена со неволни повторувачки движења и мускулни контракции, Суплементација со витамин Е може да ги намали или елиминира овие несакани ефекти.

 

·         Превенција на Паркиносонва болест

Внес на високо дози на витамин Е е поврзан со намален ризик од добивање на Паркинсонова болест.

Други бенефити

 

·         Нега на кожа

Се смета дека витаминот Е ја зголемува толеранцијата кон УВ зраците доколку се зема како супчемент заедно со витаминот Ц. Витаминот Е се користи и во третманот на рани за нивно побрзо заздравување.

 

·         Жешки бранови ( валунзи)

Според една мала студија, истражувачите откриле дека преживеаните од карцином на дојката кои страдале од жешки бранови, почуствувале намалување на овие жешки бранови после земање на суплементи со витамин Е.

 

·         Одржување и репарација на мускулното ткиво

Неодамнешните испитувања покажале дека антиоксидативните својства на витаминот Е можат да превенираат оштетување на мускулното ткиво предизвикано од напорни тренинзи. Исто така, давањето на витамин Е пред некоја хируршка порцедура на мускулите или зглобовите ги намалува реперфузионите повреди за време на операцијата (мускулно оштетување кое се појавува кога крвотокот е запрен и потоа повторно овозможен во ткивата и органите).

 

·         Плодност

Покажано е дека витаминот Е ја подобрува функцијата на спермата.

 

Храна богата со витамин Е:

Многу видово на јаткастти плодови, житарици, кикиритки, зрна од соја, авокадо, маслиново и пченкарно масло, грозје, праски, брокула, јајца, домати и капини.

 

Comments

Write Comment

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2026