Подписка на рассылку

НАНО КАЛЦИУМ

2017-03-28 14:41:44 0 By: Jonceska Times Read: 1066

НАНО КАЛЦИУМ


 

Софтгел капсулите „Нано калциум“ овозможуваат регулирање на проблемите повразни со недостатокот на калциум во организамот, како и снабдување на организамот со калциум за да се спречат овие проблеми. Калциумот е елемент кој има важни импликации за здравјето на луѓето, тој е основа на човековото тело. Овие капсули му даваат на телото брза и целосна апсорпцоија на калциумот, и даваат позитивни резултати, затоа што нано калциумот длабоко навлегува во проблематичните делови на телото и ефикасно делува, а позитивните резултати продолжуваат да траат долго време после престанокот на употребата.

 

v  Состав:

-          нано калциум

-          жолт пчеличен восок

-          масло од соја

 

v  Главни здравствени придонеси од нано калциумот:

 

-          Ја намалува болката, или помага за целосно исчезнување на болката и ја зголемува моторната активност на зглобовите, како резулатат на нано кристалите во клетките на ’рскавицата ( кристалите ја опоравуваат ’рскавицата на ’рбетот, колковите, колената и зглобовите).

-          Значително го забрзува процесот на опоравување на коскеното ткиво при повреди и операции.

-          Значително ги намалува проблемите поврзани со слабеење на коските (остеопороза) и што е најважно служи како превенција за проблемите кај лицата постари од 40 години, игра важна улога во подобрувањето на телото кај жени во менопауза.

-          Приоднесува за силни заби, цврсти нокти и здрава коса.

 

v  Се препорачува да се употребува за:

 

-          За време на учење, ментален и физички напор, стресни ситуации.

-          Во период на активен раст на телото.

-          Луѓе кои живеат во услови на недостаток на сончева светлина.

-          При несоница, вртоглавица, слаба меморија, поспаност, слабост, раздразливост, замор, нервоза.

-          При Паркинсонова болест.

-          Да се подобри имунитетот.

-          Да се спречи парадентоза и кариес.

-          Активните спортисти имаат потреба од постојан влез на калциум во организамот.

-          При болести на мускулно-скелетниот систем вклучувајќи артритси, артроза, остеопороза и фрактури на ксоките, оштетување на тетивите, мускулна дистрофија, грчеви во мускулите.

-          При церебрална парализа.

-          Да се подобри згрутчувањето на крвта и да се намали пропустливоста на крвните садови.

-          При неправилна функција на паратироидната и тироидната жлезда.

-          При кардиоваскуларни болести (атросклероза, коронарно срцево заболување, аритмија).

-          При хроничен хепатититис и токсични оштетувања на црниот дроб.

-          При кожни болести (егзема, псоријаза, алопеција), сува кожа, коса и кршливи нокти.

-          При вегетативно-васкуларна дистонија.

-          За превенција од туморни заболувања.

-          За третман на машка и женска неплодност.

-          При уротилијаза.

-          При хронилна опстипација.

-          При бронхијална астма, алергиски болести (уртикарија, поленска треска, алергиски бронхитис).

 

КОЈА Е УЛОГАТА НА КАЛЦИУМОТ ВО ОРГАНИЗМОТ?

Нашиот организам содржи, верувале или не, од 1 до 2,2 кг калциум кој е петиот по ред елемент застапен во човечкиот организам. Околу 99 % од него влегува во состав на коските и забите, главно во форма на апатит (минерал од класата на калциум фосфат), а помалку во форма на калциум карбонат. Преостанатиот 1 % калциум кружи во крвта и учествува во важни функции во организмот. Ова значи дека доколку не внесуваме продукти богати со калциум тогаш организмот „зема на заем“, поточно „краде“ од коските (бидејќи таму е најзастапен), што секако се одразува на квалитетот на забите и коските. Забите почнуваат да се расипуваат што значи забоболка, посета на забар, а да не зборуваме за појавата на остеопороза и остеопенија.

Значи, може да се каже дека калциумот е елемент кој има голема улога во некои важни функции во организмот, како на пример:

  • Учествува во формирање на коските и забите
  • Ја нормализира размената на водата во организмот и содржината на натриум хлоридот (готварска сол),
  • Влијае на киселинско-базната рамнотежа на организмот
  • Влијае на контракциите на мускулите, особено на мускулите на срцето
  • Неопходен е за транспорт на нервните импулси. Тој го активира дејството на ферментите кои учествуваат во создавањето на неуротрансмитерите (тоа се хемиски супстанци кои го регулираат преносот на електричните сигнали меѓу нервните ќелии)
  • Калциумот, заедно со натриумот, калиумот и магнезиумот учествува во регулацијата на крвниот притисок
  • Калциумот го регулира процесот на коагулација на крвта.
  • Тој е неопходен за транспорт на хранливите материи преку мембраната на ќелиите
  • Го зголемува имунитетот на организмот, учествува при варење на храната, особено во метаболизмот на мастите.

По сето ова, за недостатокот од калциум во организмот и нема потреба да се пишува, но треба да се знае дека и вишокот на калциум има свои негативности. Така на пример, ако се пие вода богата со калциум, ако подолго време се консумураат препарати богати со калциум и калцифероли (витамин D), сето тоа може да доведе до појава на хиперкалцемија чии симптоми се: губиток на апетит, постојана жед за вода, нагон за повраќање, повраќање, општа слабост, конвулзии (грчеви), но и зголемено таложење на калциум во внатрешните органи особено во бубрезите, мускулите и крвните садови.

Многу е важно да се знае дека усвојувањето на калциумот во организмот зависи од неколку фактори, поконкретно од заемниот сооднос на маснотиите во храната со масните киселини, протеините, витаминот D (калциферол), магнезиумот и фосфорот.

Калциумот се апсорбира од желудникот со помош на масните киселини и жолчната киселина. Се смета дека е неопходно само 1 г маснотија за да се оствари успешна апсорпција на 10-15 мг калциум. Според тоа, вишокот или недостатокот на маснотија ја влошува апсорпцијата на калциум. Апсорпцијата на калциумот се влошува и при недостаток на протеини (белки), но и при недостатокот на витамин D.

Апсорпцијата на калциумот ја отежнуваат продукти богати со оксална киселина, а се подобрува во присуство на лимонската киселина и лактозата.
Дневната потреба од калциумот за организмот зависи од староста. На деца, чиј организам е во процес на растење, потребни им се 1,2-1,5 г, на средовечни лица им се потребни околу 1,0 г, додека на лицата со повеќе од 50 години им е неопходна поголема количина калциум, односно околу 1,5 г.

Каде е застапен калциумот?

Најбогати со калциум се зелката, гравот, бадемот.  Калциум има и во афионот, сусамот, кппривата, леќата, брокулата,  сардината, шипинките, кравјото млеко, урдата, лебот со трици, месото, цвеклото, сушената соја.

 

Comments

Write Comment

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2026