Подписка на рассылку

СЕЛЕН - ОГАН НА ЖИВОТОТ

2017-03-17 14:37:14 0 By: Jonceska Times Read: 1255

СЕЛЕН - ОГАН НА ЖИВОТОТ


 

Селенот е есенцијален олигоелемент кој е од суштинско значење за човековото тело, кој се наоѓа и е доволен во помали количини во организамот. Селенот е откриен од страна на шведскиот научник Јаков Бразелиум во 1781 година, а во 1818 година се признати неговите оздравителни функции и од тогаш е познат како „оган на животот“, „бранител на срцето“, „воин против ракот“ и како минерал на младоста.  Овој елемент е именуван по божицата Селена, која во грчката митологија ја симболизира месечината.

 

Состав: 100 % органски селен

 

·         Најважни функции на селенот се:

 

-          антиоксидансна функција

-          функција на детоксификатор

-          функција на антиканцер.

 

v  Селенот во човековото тело

 

Селенот е минерал од есенцијално значење за здравјето на човековиот организам. Во нашето поднебје, тој не е многу присутен во почвата, затоа е неопходно да се внесува преку додатоци во исхраната. Селенот припаѓа во групата антиоксиданси кои се растворливи во вода. Иако човековото тело содржи приближно само 20 mg селен, тој заедно со цинкот, калциумот и калиумот влегува во состав на повеќе од 200 ферменти и хормони. Најголем дел од селенот е сместен во мускулите, особено срцето, во бубрезите, црниот дроб, слезината, и во тестисите и спремата кај мажите.

 

Природни извори на селен се : пченицата, триците, јаткастите плодови (особено бразилскиот и индискиот орев), пивскиот квасец, доматот, лиснатиот зеленчук , рибата.

 

v  Лековити својства на селенот:

 

·         Употребата на селен е неопходна при:

 

-          Развој на профилактични онколошки болести ( овој минерал помага во намалување на ризикот од појава на разни видови канцер и во третманот на веќе дијагностициран канцер бидејќи го намалува неговото ширење и метастазирање).

-          За време на спроведување на хемотерапија и радиотерапија.

-          При болести на кардиоваскуларниот систем ( исхемична болест на срцето, висок крвен притисок, аритмија, миокарден инфаркт), како и за брзо обновување на срцевиот мускул после срцев удар и операција.

-          После хируршки интервенции.

-          При атеросклероза ( за нормализирање на размената на холестерол и подобрување на еластичноста на ѕидовите на крвните садови).

-          При болести на зглобовите и коските ( остеохиндроза и остеопороза), како и при повреди и фрактури на коските.

-          При холецистит и хепатит, како и за подобрување на фунцијата на црниот дроб и нормално образување на жолчката.

-          При болести на дигестивниот тракт : гастритис, колитис, панкреатит.

-          При проблеми со тироидната жлезда.

-          При бронхијална астма и алергии.

-          При машка неплодност – олигоспермија ( помага во спермогенезата и ја зголемува потенцијата).

 

v  ·         Други лековити својства на селенот

 

Ферментите кои содржат селен учествуваат во метаболизамот на хормоните на штитната жлезда. Тој исто така е вклучен во производствотот на тироидните хормони и е есенцијален за правилно функционирање на тироидната жлезда.

 

Селенот учествува во превенција од развој на кардиоваскуларни заболувања и го штити срцето од вирусни инфекции. Помага во одржување на интегритетот на артерските ткива, го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем и ендотелните клетки, го регулира крвниот притисок, учествува во коагулацијата на крвта и ги намалува атероматозните наслаги на артетиите.

 

Селенот е особено битен за нормално функцоионирање на црниот дроб. Го штити организмот од таложењето на токсични метали ( како на пример: арсенот, кадиумот, живата и оловото) и му помага на црниот дроб да ги исфрли овие штетни елементи од организамот.

 

Селенот е важен за синтеза на протеините (белките). Тој е од корист за одржување на еластичноста на ткивата, го забрзува растот, и е особено корисен за мускулните клетки. Игра занчајна улога во намалување на воспалението кај артритис.

 

Има корисни ефекти при симптомите на меноупауза ( промени во расположението, топли бранови).

 

Селенот се користи за одржување на здрава коса и кожа ( ја намалува појавата на акни).

 

Тој, исто така, го одржува здравјето на очите и видот ( ги штити очите од појава на катаракта и макуларна дегенерација).



v  Недостаток на селен во организамот

 

Недостатокот на селен најчесто доведува до определени заболувања како на пример болести на кожата, косата и ноктите, разни воспаленија, алергии, доаѓа до намалување на синтеза на протеини, дегенеративни промени во миокардот и мускулите во целина. Дефицитот исто така може да влијае на синтезата на тироидните хормони, зголемување на склоноста кон формирање на тумори, катаракта, се намалува визуелната острина на очите, но води и кон намалување на имунитетот. Недостатокот на селен влијае на синтезата на хормоните на штитната жлезда, но и врз регенерација на повредените ткива.

Болести до коишто води дефицитот на селен се:


• енергетска дистрофија
• хемолитичка анемија
• кешанска болест
 

• хипертонија
• исхемична болест на срцето
• цироза на црниот дроб
• панкреатит
• фиброзни тумори
• миоми и заболувања од рак
• пореметувања на бременоста
• дијабетес
• катаракта и др.

 

 

Comments

Write Comment

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2026