Подписка на рассылку

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА БОРОВНИЦАТА НА GREEN WORLD

2017-02-21 14:24:22 0 By: Jonceska Times Read: 875

Добредојдовте во светот на боровницата на Green World


(Боровница – плод на животот)



Компанијата Green World поседува сопствена база за производтво на органска боровница

Доктор Деминг Ли, претседател на компанијата Green World, студирала во Америка 17 години, каде што дипломирала на Универзитетот Корнел, и е доктор на науки по микробиологија. Во меѓувреме, таа е член на Асоцијацијата за боровница во Северена Америка и главно се занимава со проучување на антиоксидантните ефекти на боровницата, како и функционирањето на антоцијаните во унапредување на човековата микроциркулација.

 

·         Извор на чисти суровини

Green World има истражувано збир на научни искуства во однос на одгледување на боровницата и нејзиното култивирање и има воспоставено одлична плантажа за нејзино сопствено производство. Нејзините плантажи и научни иснтитути се наоѓаат во Кина и во Северна Америка. Животната средина, почвата, климата и другите фактори на овие плантажи се проводници за раст на боровницата.

 

·         Извор на технологија

Green World применува напредна микро-молекулна инфилтрирачка техника при концентрирање и сушење на екстрактот од боровница. Сушењето се врши на максимум – 18° температура, при што целосно се задржуваат активните состојки на боровницата и се исполнуваат хигиенските стандарди.

 

v v  Здравствени предности на боровницата

 

·         Боровниците содржат широк спектар на хранливи материи: амино киселини, протеини, ензими, диетални влакна, целулоза и флавониди. Тие уште повеќе се истакнуваат со содржината на фитонутриенти. Боровниците се богат извор на витамините Ц, Е, К, А, фолна киселина, калиум, калциум, цинк, железо, манган, фосфор и други микро и макро елементи. Тие содржат и значително количество на пектин кој го снижува холестеролот.

·         Покрај овие хранливи елементи, боровницата содржи уникатна хранлива материја наречена антоцијанин – еден од најсилните антиоксиданси ( вкулучувајќи 15 различни видови на антоцијанини: малвидин, пеонидин, делфинидин, петунидин, цијанидин и други). Антоцијаните се состојки кои се својствени само за боровниците и за ниту еден друг плод. Тие им даваат сина, виолетова и црвена боја на боровницате, и се смета дека го намалуваат ризикот од рак.

·         Плодовите од ова растение не се единствениот негов дел кој е корисен за здравјето. Имено, и листовите на боровницата имаат бројни лековити дејства кои се признаени во народната медицина. Од листовите се подготвува чај кој помага кај многу состојби како на пример дијареа, воспаление на усната шуплина и хранопроводникот, како и шеќерни болести. Исто така, чајот може да го поттикне растењето на косата, ако редовно се масира во кожата на главата.

·         Како и останатите ситни овошја, боровниците имаат низок глихемиски индекс. Некои неодамнешни истражувања покажале дека боровниците добро влијаат на регулацијата на шеќерот во крвта кај лицата кои страдаат од дијабетес тип 2.


Позитивните влијанија на боровниците

  • го намалуваат нивото на холестерол
  • помагаат кај дијабетес тип 2
  • го намалуваат високиот крвен притисок
  • го подобруваат помнењето и другите когнитивни функции
  • спречуваат инфекции на уринарниот тракт
  • ги смируваат менструалните тегоби
  • го подобруваат растењето на косата
  • го штитат здравјето на окото.

v 5-те најголеми здравствени функции на боровницата

·         Боровниците ги штитат очите и го подбруваат видот

После многу научни истражувања докажано е дека боровницата значително го подбрува видот и нуди голема превенција од повреди на очите. Мрежницата на окото трпи голем ризик од оштетување, а боровниците имаат голема улога во намалување на тој ризик. Антоцијаните ја штитат мрежницата на окото од стрес и од негативното влијание на сончевото зрачење. Студиите ја потврдуваат улогата на антоцијаните во лечењето на слабиот вид и намаленото видно поле. Тие делуваат на капиларите во мрежницата и на тој начин им ја зајакнуваат функцијата , а воедно спречуваат и дегенерацијата на жолтата дамка. Редовното консумирање на боровница спречува ретинална дегенерација ( посебно дијабетична ретинопатија и дијабетична катракта). Исто така, помага и во сосотјба на миопатија. Боровницата може да ја промовира синтезата на колаген во човековото тело, што значително ја спречува прогресијата на глауком. За време на Втората Светска војна , британските пилоти консумирале боровница пред завршување на секоја задача. Француските истражувачи откриле дека боровницата во голема мера ја подобрува визуелната острина во темница. Познатиот доктот по кинеска традиционална медицина Ли Шизен, кога бил млад страдал од болести на очите и имал многу заматен вид. За време кога поминувал  низ Тартар (денешна северна Монголија) и собирал билки, тој ги открил овие сини бобинки со корен кој расте во замрзнатиот слој земја во текот на целата година и откако ги испорбал на себе, открил дека тие имаат волшебен ефект врз очите. Се до крајот на неговиот живот тој гледал и слушал одлично.


·         Боровниците имаат моќен антиокисдансен ефект

Боровницата има селен антиоксидансен капацитет и може да му помогне на човековото тело да ги елиминира штетните слободни  радикали кои може да предизвикаат рак или други болести кои се повразни со стареењето. Големото количество на антоцијани содржани во боровницата се главниот фактор што придонесува за нејзината антиоксиданта функција.


·         Боровниците ја чуваат младоста и и имаат против стареечки ефект

Боровницата ја намалува акумулацијата на холестеролот по артериите што може да предизвика кардиоваскуларни болести и аполексија. Хранливите состојки на боровницата ги подобруваат моторните способност на телото, корисни се за подобрување на меморијата , посебно краткотрајната меморија, го одложуваат појавувањето на когнитивни проблеми повразни со староста. Меѓу најважните истражувања за влијанието на боровницаите на здравјето е секако она кое покажало дека боровниците можат да бидат важен сојузник во борбата против Алцхејмеровата и Паркинсоновата болест. Ова истражување било извршено на голема група лица со просечна старост од 76 години. По 12 недели консумирање боровница, испитаниците покажале значително подобрување на тестовите за когнитивни функции.


·         Боровниците имаат антиканцерогени и антитоксични ефекти

Научните истражувања докажале дека боровницата е еден од главните борци против ракот во 21-от век. Таа штити од сите видови на рак. Боровницата содржи антоксиданс наречен елагична киселина која може да го спречи регенирањето на клетките на ракот по метаболички пат. Екстрактот од боровница има капацитет да спречи проширување на два различни вида на канцерогени клетки. Истражувачите сметаат дека полифенолните соединиенија кои се сдоржани во боровницата можат да го ограничат множењето на канцерогените клетки и да предизвикаат апоптаза. Боровницата го забавува растот на два вида на агресивни канцерогени клетки на грлото на матката и два вида на брзо растечки рак на дојката.


·         Боровницата го забавува страеењето на мозокот, ја подобрува способноста за учење и меморијата

Научните истражувања покажале дека екстрактот од боровница ја зголемува флуидонста на мозочната клеточна мембрана, ги намалува супстанциите кои можат да предизвикаат воспаление, а со тоа се забавува процесот на стареење на мозокот. Со консумирање на боровница се зголемува капацитетот на пространата мерморија, се зајкнува структурата на мозокот и се зголемува концентрацијата и способноста за учење.

Comments

Write Comment

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2026