Подписка на рассылку

РЕИШИ - ЛЕК НА КРАЛЕВИТЕ, КРАЛ НА ЛЕКОВИТЕ

2016-12-19 15:16:38 0 By: Jonceska Times Read: 1461

РЕИШИ - ЛЕК НА КРАЛЕВИТЕ, КРАЛ НА ЛЕКОВИТЕ


 

„Реиши“ капсулите имаат силно имунодулаторно и адаптивно дејство ( го зајакнуваат имунолошкиот систем, ги нормализираат функциите на телото кога е под стрес, придонесуваат за виталност, издржливост, подобрување и прилагодување на организамот на негативните фактори во животната средина). Тие ги заштитуваат сите органи, особено ја поттикнуваат циркулацијата на крвта и функцијата на белите дробови, го заштитуваат организамот против тумори, ги ублажуваат негативните ефекти од хемо и радио терапија.

 

Состав:

-          мицелиум Реиши

-          мицелиум Кордицепс

-          корен Жен Шен

 

Се препорачува да се употребува за:

-          да се зголеми тонусот на целиот организам

-          подобрување на изджливоста при недостаток на кислород (хипокија)

-          алергии и астма

-          регулирање на активноста на нервниот и ендокриниот систем

-          стабилизирање на психо емотивната состојба и подобрување на расположението

-          забрзување на создавање и регенирање на клетките

-          подобрување на крвотокот

-          регулирање на крвните липиди и шеќерот во крвта

-          намалување на рзикот од атеросклероза

-          стимулирање на функцијата на репродуктивниот систем

-          подобрување на состојбата на кожата и намалување на пигментните дамки

-          побрзо отстранување и ослободување на слободните радикали

-          хепатит А, Б и Ц

-          лекување на тумори

-          подобрување на сонот

 

 

Што е Реиши?

Живееме во време на неверојатен стрес. Изложени сме на масовна радијација. Дишеме повеќе отрови отколку кислород. Водата што ја пиеме доаѓа или од пластична амбалажачесто со сомнително потекло, или од водоводни инсталации стари со децении. Хипер-продукцијата на храна наложува нездрави принципи на производство и складирање. Се користат токсични конзерванси, бои, адитиви. На листата на штетни адитиви секојдневно се додаваат нови и чудни Е-бројчиња. Заработката станала поважна од човечките животи. На многу болести им се потребни години, па и децении за да манифестираат симптоми. Често пати медицината е сосема немоќна и одговорот го дава во вид на „слегнување на рамената“ и сочувствителен, но беспомошен поглед.

Ви го претставуваме РЕИШИ, одговорот на природата.

Денес, печурката Реиши може со право да се нарече чудото на 21 век. Реиши е габа, роднина на Penicillium notatum.

Име: Ganoderma Lucidum.

Името Ganoderma Lucidum доаѓа од грчкиот збор ganos – “сјајно” и derma – “кожа”, и латинскиот збор lucidum – што означува ”брилијантсјајблагосостојба”. Уште еден јапонски збор поврзан со Ganoderma e mannentake- 10.000 годишна билка.

Изглед: Има облик на бубрег со сјајна црвена површина и дрвенеста структура.

Живеалиште (Хабитат):

Најквалитетните приме-роци успеваат на 30-годишните стебла на Даб-от и некои други дрва. Европскиот вид е медицински неупотреб-лив, бидејќи не се задоволени природните услови за квалитетен плод. Уникатната комбинација од специфична температура, влажност и однос на кислород во атмосферата прават да се добие квалитетна печурка со висок процент на активни состојки. Дождовните шуми на Кина и Малезија се најпогодните поднебја за Реиши со богата лековита содржина.

Историја: Реиши печурките и се познати на медицината повеќе од 4000 години. Со право го добиле називот „Лек на Кралевите“. Поради тоа што тешко се наоѓа во природата, била резервирана за азиските кралски семејства и богатите луѓе. Во природата успеваат во дождовните шуми и само на одредени стебла кои се во фаза на распаѓање. Од 10.000 стебла, само на 1-2 може да се најде Реиши.

Во принцип, Реиши не е 2 во едно, 3 во едно, 5 во едно и слично. Реиши е СЕ-ВО-ЕДНО!

Познати светски нутриционисти дадоа препораки како да одбереме вистински квалитетен додаток на исхрана:

  • - Треба да се избере додаток на исхрана со  силен  анти-оксидансен ефект за да го намали присуството на слободни  кислородни  радикали во нашиот организам, кои предизвикуваат многу болести, вклучувајки го и ракот
  • - Треба да се избере додаток на исхрана на алкална основа, за да ја неутрализира киселоста на организмот. На науката и е познато дека организам со висока киселост е основа за повеќето сериозни заболувања.
  • - Додаток на исхрана богат со исофлавиноиди – природни соединенија кои го намалуваат бројот на слободни  кислородни радикали и го штитат организмот од срцеви заболувања и рак
  • - Додаток на исхрана кој содржи корисни пробиотици кои ги штитат внатрешните органи, а здрави внатрешни органи во добра состојба се главен фактор за здрав организам.
  • - Додаток на исхрана кој содржи соединенија за подобрување на имунитетот.

РЕИШИ одговара позитивно на СЕКОЈА од наведените точки.

ВРАЌАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ! – клучната способност на Реиши

  • - Го го зајакнува, модулира и регулира имунолошкиот систем.
  • - Ги отстранува циркулаторните блокади
  • - Ги отстранува акумулираните токсини
  • - Го зајакнува и ревитализира организмот
  • - Поради својата алкална основа, ја неутрализира киселоста на организмот. Денес на медицината и е познато дека некои од најсериозните заболувања се поврзани со киселоста на организмот.


АКТИВНИ КОМПОНЕНТИ

  • - Органски Германиум (повеќе од било кој друг извор)
  • Oргански Полисахариди (долги низи на сложени шеќери)
  • - Тритерпеноиди – 119 видови (Ганодермичка киселина – ја има САМО во Реиши)
  • - Антиоксиданси – 24 видови (SOD-Superoxide Dismutase – најсилниот познат антиоксиданс)
  • - Селен
  • - Бета и хетеро-бета глутени
  • - Преку 200 други активни компоненти

- Германиум. Реиши содржи голема количина на органски Германиум дури и до 2000 ppm (parts per million) што е за 4-6 пати повеќе отколку во ginseng-oт. Слободно можеме да кажеме дека Реиши е најголемиот природен извор на органски Германиум. Денес на медицината и е познато дека Германиумот е витален елемент за создавање и одржување на силен имунитет.

Реиши печурките им помагаат клучните органи на луѓето:

  • - Срце,
  • - Бели дробови,
  • - Црн дроб,
  • - Панкреас,
  • - Бубрези.
  • - Жлезди со внатрешно лачење
  • - Лимфен систем


Comments

Write Comment

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2026