Коензим Q 10 - БРОЈ 1 ЧУВАР НА СРЦЕТО
.png)
Капсулите „Коензим Q10“ имаат позитивен ефект врз срцевите аритмии, го зајакнуваат ослабениот срцев мускул, ја зголемуваат силата на срцевите контракции. Тие се ефикасни за намалување на ризикот од атеросклероза (стеснување на крвните садови). Го намалуваат ризикот и ефектите од појава на ангиа пекторис и миокарден инфаркт. Го намалуваат ризикот при операции на срце (бајпас, срцеви залистоци). Намаленото ниво на коенизим Q 10 во срцето доведува до слабеење на имунолошкиот систем, замор, слабост, таложење на масни наслаги.
Состав:
- коензим Q 10
- екстракт од корен од жалфија
- екстракт од корен од астрагалус
Препораки за употреба:
- за ревитализација и зајакнување на имунолошкиот систем
- при болести на срцето ( срцева инсуфициенција, кардиомиопатија, ангина пекторис, аритмија, миокарден инфакрт)
- во лекување на пост-инфаркт состојбите, бидејќи обезбедува подобро снабдување со енергија на останатиот дел на здравиот срцев мускул
- за побрзо закрепнувањ по операција на срцето
- при Паркинсонова и Алцхејмерова болест, мултиплекс склероза и новодегенеративни заболувања
- за превенција од малигни заболувања
- при мускулна дистрофија
- при хипертензија – висок крвен притисок
- во терапија со статини (лекови за намалување на холестеролот во телото доведуваат до дефицит на коезним Q 10 во срцевиот мускул)
- при парадентоза
- против стареење на клетките и ткивата на организамот
- се препорачува на лица кои се постојано изложени на стрес и зголемена ментална и физичка исцрпеност.

v Коензим Q 10 ( CoQ10) – есенцијален за животот и опстанокот на клетките
Коензимот Q 10 ги снабдува клетките на организамот со енергија, а со тоа го регулира снабдувањето со енергија на целото тело. Сите клетки во човековиот организам содржат Q10, што е од суштинско значење за правилно одвивање на биохемиските и биолошките процеси и одржување на здравјето.
Коензимот Q 10 е исто така познат и како убикинон. Постојат 10 видови на коензим Q, но само Q10 е присутен во човековото тело. Овој коензим природно се јавува во организамот. Телото има способност самостојно да го синтетизира Q 10 во срцето. До 30-тата година од животот, телото го произведува во доволни количини. После 30-тата година оваа способност се намалува и со текот на годините директно пропорционално продолжува да се намалува дури и до 80%. Како последица на намаленото произвдоство на овој коензим, доаѓа до намалување на енергетските процеси во организамот, до пореметување на енергетската рамнотежа и до различни функционални нарушувања, кои најбрзо се забележуваат во работата на срцето. Овие пореметувања се јавуваат при намалување на концентрацијата на коензим Q 10 за 25 %. Недостатокот на овој коензим доведува до слабеење на срцевиот мускул, висок крвен притисок и многу други болести.
v Како делува коензим Q10?
Коензимот Q 10 е супстанца слична на витамините. По структурата е многу сличен на витаминот Е, и придонесува за неговата регереација, меѓутоа антиоксидативното дејство му е многу по силно. Има синергетски ефект со селен и глутатион, кои исто така се моќни антиоксиданси.
Како антиоксуданс коензимот Q 10 ги забавува процесите кои водат до оштетување и стареење на клетките и ткивата, ја штити флексибилноста на клеточните мембрани од оштетувањата предизвикани од слободните радикали, го спречува уништувањето на протеините и оштетувањето на ДНК.
Освен што е силен антиоксиданс, коензимот Q 10 делува и како канализатор кој ги забрзува и насочува биохемските процеси. Тој го иницира процесот на пренесување на електроните кои се потребни за создавање на енергија во митохондријата, која се нарекува „мала електрана“ на организамот, во која преку храната се произведува аденозин трифосфат (АТП) кој е „гориво“ на човековото тело, без кое клетките не би можеле да функционираат. Коензим Q 10 влијае на метаболилките процеси и на согорувањето на мастите.
Кардиоваскуларните заболувања се главна област на истражување за примена на коензим Q 10. Најновите истражувања покажуваат дека неговата улога е од исклучително значење за подобрување на ендотелата кои ја обложуваат внатрешноста на крвните садови и спречуваат штетните агенси да навлезат во ѕидовите на крвните садови. Нарушувањето на ендотелијалната функција претставува рана фаза во развојот на кардиоваскуларните болести, почнувајќи од атероскелроза. Коензимот Q 10 го спречува оштетувањето на невроните кои моќат да бидат предизвикани од исхемја, атеросклероза и токсични оштетувања. Неколку студии покажале дека токму оштетените неврони се главна причина за новодегенеративни болести како Паркинсонова и Хантигтонова болест. Кај пациентите со Паркинсонова болест е забележано намалување на концентрацијата на коензим Q 10.
