Подписка на рассылку

БОРОВНИЦА , ПРЕХРАНБЕН ПОЛЕН ОД БОРОВНИЦА

2016-12-01 13:41:41 0 By: Jonceska Times Read: 921

Боровница

 

Здравствени предности на боровницата

Боровниците содржат широк спектар на хранливи материи, а најбогати се со манган, витамини Ц и К, и диетални влакна. Богати се и со калиум, калциум и фосфор, а уште повеќе се истакнуваат со содржината на фитонутриенти.

Боровниците содржат значително количество на пектин кој го снижува холестеролот, и антоцијанин – еден од најсилните антиоксиданти. Тој им дава сина, виолетова и црвена боја на овошјето и зеленчукот, а се смета и дека го намалува риѕикот од рак.

Плодовите од ова растение не се единствениот негов дел кој е корисен за здравјето. Имено, и листовите на боровницата имаат бројни лековити дејства кои се признаени во народната медицина. Од листовите се подготвува чај кој помага кај многу состојби како на пример пролив, воспаление на усната шуплина и хранопроводникот, како и шеќерни болести. Исто така, чајот може да го поттикне растењето на косата, ако редовно се масира во кожата на главата.

Како и останатите ситни овошја, боровниците имаат низок глихемиски индекс. Некои неодамнешни истражувања покажале дека боровниците добро влијаат на регулацијата на шеќерот во крвта кај лицата кои страдаат од дијабетес тип 2.

Редовното конзумирање на боровници поволно делува на крвниот притисок кај мажи и жени, без разлика на нивната старост. Во спроведените истражувања, пацијентите со повишен крвен притисок значително го намалиле систоличкиот и дијастоличкиот крвен притисок.


Боровниците ги штитат очите

Мрежницата на окото трпи голем ризик од оштетување, а боровниците имаат голема улога во намалувањето на тој ризик. Антоцијанините во боровниците ја штитат мрежницата на окото од стрес и од негативното влијание на сончевото зрачење.

Студиите ја потврдуваат улогата на антоцијанинот во лечењето на слабиот вид и намаленото видно поле. Антоцијанините делуваат на капиларите во мрежницата на тој начин што им ја зајакнуваат функцијата, а воедно ја спречуваат и дегенерацијата на жолтата дамка.

 

Ја чуваат младоста на мозокот

Меѓу најважните истражувања за влијанието на боровниците на здравјето е секако она кое покажало дека боровниците можат да бидат важен сојузник во борбата против Алцхајмеровата болест. Ова истражување било извршено на голема група лица со просечна старост од 76 години. По 12 недели конзумирање боровници, испитаниците покажале значително подобрување на тестовите за когнитивни функции.

Авторите на ова истражување се уверени дека боровниците не се корисни само за подобрување на меморијата. Тие го одложуваат појавувањето на други когнитивни проблеми поврзани со стареењето, па затоа можат да имаат значајна улога во третирањето на Алцхајмеровата болест.

Позитивните влијанија на боровниците

  • го намалуваат нивото на холестерол
  • помагаат кај дијабетес тип 2
  • го намалуваат високиот крвен притисок
  • го подобруваат помнењето и другите когнитивни функции
  • спречуваат инфекции на уринарниот тракт
  • ги смируваат менструалните тегоби
  • го подобруваат растењето на косата
  • го штитат здравјето на окото

 


Прехранбен полен од боровница

 

Прехранбениот полен од боровница е здрав оброк, идеален витамински коктел, со кој се добива енергија за новиот ден. Го подобрува имунитетот, ја чисти и ја освежува крвта, го подобрува видот. Боровницата е приорден извор на витамини за целосно зајакнување на телото. Го стимулира отстранувањето на штетните материи и токсини од телото. Го намалува нивото на холестерол во крвта, ги штити капиларите од слободните радикали. Ја подобрува циркулацијата, а посебно циркулацијата на малите крвни садови на окото. Го спречува развојот на тромбоза и го активира метаболизамот на ткивата. Има силно антиоскидансно дејство, а докажано е дека има и антиканцерогени ефекти.

 

Состав:

-          полен од боровница

-          екстракт од боровница

-          растителни протеини

-          лецитин

-          растителни влакна од овошје и зеленчук

-          црн грав

-          јаболкова киселина.

 

Се препорачува да се употребува за:

 

-          постигнување на подобар баланс во исхраната и примањата на витамините

-          активирање на имунолошкиот систем

-          зголемување на природната заштита на организамот и зголемување на отпорноста против заболувања

-          одржување на нормална функција на метаболизамот на клетките

-          подобрување на саморегулацијата на органите

-          прочистување на крвта и отстранување на токсините од организамот

-          зајакнување на острината на видот, проширување на видното поле

-          нормализирање на циркулацијата, подобро снабдување на мозокот со крв

-          намалување на нивото на шеќер во крвта

-          нормализирање на работата на црниот дроб

-          подобрување на работата на кардиоваскуларниот систем

-          нормализирање на работата на штитната жлезда

-          успорување на процесот на стареење.

 

 

v  Боровница

 

Боровницата во својот состав содржи: антоцијани, растителни влакна, биофлавониди, витамин C, витамин Е, B витамини, А витамин, гликоза, бакар, калциум, калиум, манган, натриум, органски киселини ( лимонска и јаболкова), пептин, танин, сапонин, флавонол, протеини.

 

·         Боровницата е одличен лек за следните болести:

 

-          слаб имунитет

-          предвремено стареење

-          стареење на кожата

-          намалување на функцијата на мозокот, растројства во меморијата

-          Алцхејмерова болест, Паркинсонова болест

-          Мултиплекс склероза

-          атеросклероза

-          воспаление на мозокот

-          конгнитивни нарушувања

-          остеопороза

-          рак на дојка

-          метастази на тумори

-          кардиоваскуларни болести

-          хемиски индицирани оштетувања на црниот дроб

-          фиброза на црниот дроб

-          висок холестерол

-          рак на дебелото црево

-          дијабетес (од сите типови)

-          инсулинска резистенција

-          оштетена ДНК

-          нарушувања на лачењето на естроген, и негива дисфункција

-          хепатитис C

-          хипертензија

-          воспалителни болести на цревата

-          недостаток на бели крвни зрнца

-          новодегенеративни заболувања

- &a

Comments

Write Comment

Powered By SZ 
Green World Евроазаиатского региона © 2026